| четврток, 6 декември 2018 |

Донирани 300 книги од Бугарија за Бигорскиот манастир

Бигорскиот манастир деновиве беше збогатен со повеќе од 300 книги од православна духовност, историја, мемоарска и патописна литература, лингвистика, научни списанија. Книгите се подарок од Македонскиот научен институт од Софија, Централната библиотека на Бугарската академија на науките, Академското издателство „Проф. Марин Дринов“ и од поединечни љубители на Бигорскиот манастир од Бугарија.

Книгите на игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, му ги врачи Петар Мутафчиев, голем љубител на Бигорскиот манастир од Бугарија, ветувајќи дека и во иднина ќе продолжи да го помага манастирот.

Во подарените книги има и неколку старопечатени примероци од 19 век, а особено драгоцена е збирката на стари фотографии од Бигорскиот манастир, подарок од свештеникот Васил Цветков од Пловдив. Фотографиите биле снимени од фотографот Горги Трајчев во 1912 година и претставуваат многу значаен историски и етнографски материјал за Бигорскиот манастир и за регионот. Според зборовите на архимандритот Партениј, за нив е голема радост што во книгохранителницата повторно се наоѓа оваа мошне вредна збирка на фотографии. Единствениот примерок на фотозбирката што ја поседуваше манастирот изгоре во пожарот во 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top