| четврток, 6 декември 2018 |

Гран-при за претставата „Електра“ на Фестивалот на античка драма „Стоби“

И оваа година фестивалот „Стоби“ имаше претставителна програма, кој траеше од 8 до 22 септември 2015 година. Во рамките на фестивалот, освен ансамблот на МНТ, настапија реномирани театри од Турција, Грција, Албанија, Словенија и неколку театри од Македонија

Заврши 13. издание на  Фестивалот на античка драма „Стоби“ на кој Македонскиот народен театар (МНТ) го доби гран-прито за претставата Електра“ во режија на светски познатиот Андриј Жолдак.  Освен гран-прито  жирито ги додели и наградите за најдобра режија на режисерот Жолдак и најдобра главна женска улога на актерката Дарја Ризова.

И оваа година фестивалот Стоби“ имаше претставителна програма, кој се одржа од 8 до 22 септември 2015 година. Во рамките на фестивалот, освен ансамблот на МНТ, настапија реномирани театри од Турција, Грција, Албанија, Словенија и неколку театри од Македонија.

elektra-11

Во рамките на фестивалот Стоби“, покрај натпреварувачкиот карактер, беше отворена темата за современите аспекти на античкиот театар „Античка плоча“, дебатно-истражувачки карактер, чијашто цел е размена на искуства од различен профил на директни и индиректни учесници во создавањето современ театар и неговата критичка мисла, од кој подоцна ќе произлезе и зборник. Настанот беше поделен на две сесии на кои свои истражувања, искуства, излагања разменија етаблирани индивидуалци од различни профили: режисери, драматурзи, актери, академски професори и критичари.

МНТ  триумфираше и во Црна Гора на фестивалот за интернационален алтернативен театар „ФИАТ“ во Подгорица на 15 септември каде што ги освои наградите најдобра претстава во целина, најдобра режија и најдобра женска улога, а на 4 септември „Електра“ го затвори Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top