Јапонската компанија „TХК“ која се занимава со производство на високи технологии има намера да влезе на македонскиот пазар и да воспостави контакти со македонските компании.
За таа цел денеска во Стопанската комора на Македонија претставници на компанијата ги презентираа дел од своите производи, меѓу кои и робот кој во зависност од апликацијата чини од 22 до 30 илјади евра. Иднината на овој производ, како што велат од компанијата, е голема. Таргет група им се компании кои се занимаваат со сеизмичка дејност и со земјотреси.
– Сакаме да воспоставиме мрежа во Македонија и добро би било оваа презентација да биде почеток на градење на нашите идни односи – изјави Хиројуки Масуки од „TХK“.
Компанијата е основана во 1971 година во Токио и во текот на своето 44-годишно постоење има отворено 18 претставништва во повеќе држави низ светот.
Од Стопанската комора на Македонија ја оценуваат денешната презентација како добра можност за македонските компании и се надеваат дека нејзиното присуство во Македонија ќе допринесе за зголемување на вкупната трговска размена меѓу двете држави.
– Целта на Стопанската комора е да работи во интерес на компаниите и во изнаоѓање на нови партнерства, а денешната презентација е одлична можност за македонските компании да воспоставаат соработка со оваа јапонска компанија која произведува високи технологии што се применливи во производството и во јавниот сектор – изјави Јадранка Аризанковка од Стопанската комора на Македонија.
Трговската размена меѓу Македонија и Јапонија во периодот од јануари до јули годинава достигна вредност од 33,1 милион американски долари. Притоа е остварен извоз од 881 илјада долари што претставува зголемување за 15 проценти во однос на истиот период лани, додека увозот изнесува 32,2 милиони долари или пад од 7,9 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Авиокомпаниите задолжително ќе го осигуруваат багажот и пратките
-
Компанијата „Галф“ обвинета за финансиски криминал, кај нас на отворањето удостоена со министри од Владата
-
Компанијата Лубринафт ќе произведува хидраулични и други масла за подмачкување во Неготино
-
Груевски денеска ќе присуствува на отворањето на компанијата „OneConnect“