| четврток, 6 декември 2018 |

Звуците на Чаршијата 2015

Културно-информативниот центар – Скопје повторно ја организира традиционалната манифестација “Звуците на Чаршијата“. Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации на Старата Чаршија, на 22 – 23 септември.

На 22 септември (вторник), програмата ќе се одржи на плоштадот “Филип втори“, во 21:00 часот, учесници ќе бидат: бендот “Слаткаристика“ и Шпенд Латифи.

На 23 септември (среда) со почеток во 12:00 часот до 20:00 часот традиционално ќе има разновидна програма во сите улици на Старата Чаршија, а во 21: 00-24: 00 часот во Куршумли Ан, ќе се одржи програма со гости : Шкурте Фејза и оркестар Агим Бенд, Адријан Гаџа, Линдон, Флоријан и Ледри & Ера Истрефи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top