Францускиот министер за економија и финансии Мишел Сапен побара истрага на европско ниво за аферата околу германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“, јави дописникот на МИА од Париз.
Во интервју за радиото Европа1, Сапен изјави дека за „смирување“ на скандалот со издувните гасови на возилата на „Фолксваген“ во САД, се чини дека е неопходно да се извршат проверки и на другите европски производители на возила.
Американските власти открија дека 482.000 возила од марките „Фолксваген“ и „Ауди“ произведени меѓу 2009 и 2015 година, што се продавале во САД, биле опремени со софтвер кој автоматски го детектира тестот за мерење на емисијата на гаасови за да предизвика лажни на резултатите.
Прашан во врска со потребата да се спроведе истрага за измами во Европа или Франција за овој случај, Сапен одговри дека на европскиот пазар важат европски правила, кои мора да бидат исполнети.
– Но за да бидат сигурни и едните и другите, сметам дека е потребно истото да се стори и за француските производители- изјави Сапен, додавајќи дека немаат „посебна причина да се мисли дека француските производители се однесувале како „Фолксваген““.
– Важно е да се дејствува во таа област, што е многу важно, бидејќи тоа е за загадувањето на воздухот, за да се избегне луѓето да се трујат- рече министерот.
Американските власти, според новинските извештаи, веќе отворија кривична постапка против гермаскиот автопроизводител. Германската Влада, пак, нареди „темелни испитувања на дизел моделите“ на оваа марка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.