Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи последниот концерт од циклусот „Кирилица“ за оваа сезона, под диригентство на Борјан Цанев. Со Филхармонијата ќе настапи талентираната млада виолинистка Софија Никоска.
Никоска ќе го исполни Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Макс Брух, а оркестарот ќе ги изведе и „Финландија“ од Јан Сибелиус, Ноктурно од Џузепе Мартучи, како и македонска премиера на балетската свита „Совршен будала“ од Густав Холст.
Софија Никоска во моментов е студентка во класата на реномираниот проф. Захар Брон, во Кралската музичка школа „Кралица Софија“ во Мадрид, Шпанија. Концертрирала во Македонија и надвор во рамки на фествалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Прилепско лето“, „Гевгелиско лето“, а во јуни 2011 беше поканета на турнејата „Stars of tomorrow“ со концерти низ Германија и Австрија од страна на организацијата EMCY, како и на свеченото отворање на виолинскиот натпревар „Петар Коњовиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан


