Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија (НД) веднаш ќе почне процедури за избор на нов партиски лидер, откако загуби на предвремените парламентрани избори во неделата, јави дописникот на МИА од Атина.
Партијата денеска издаде соопштение во кое се вели дека ваквата одлука била донесена по синоќешниот состанок на лидерот на НД, Евангелос Меимаракис со секретарот на Политичкиот комитет на партијата Андреас Папамимикос.
Во исто време, „Катимерини“ денеска пишува дека Меимаракис, кој ја има поддршката на членовите кои му се лојални на поранешниот лидер Костас Караманлис, ќе учествува во трката за нов шеф на партијата.
Новиот лидер на конзервативците се очекува да биде избран до крајот на следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.