| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста нема да остане неказнет, ФА поведе постапка

diego kosta

Фудбалерот на Челси Диего Коста, се чини, нема да остане неказнет за инцидентот што се случи во дербито меѓу неговиот клуб и Арсенал во рамките од Премиерлигата.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) обелодени дека поведува дисциплинската постапка против играчот на „сините“.
ФА чекаше да го добие записникот од првиот судија на мечот, Мајк Дин, за да се утврди зошто Диего Коста добил жолт картон на мечот, односно дали инцидентот со Кошчиелни е забележан од страна на судиите, затоа што видеоснимките не можат да се земат како доказ.
Откако беше обелоденето дека судијата Дин му го дал жолтиот картон на Шпанецот за вербалната пресметка со Габриел, била донесена одлука за дисциплинска постапка, според која Диего Коста речиси сигурно ќе заработи суспензија од три натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top