Германската компанија „ОДВ-Електрик“ почнува со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево. Производна хала ќе се простира на површина од 10 илјади метри квадратни во слободната трговска зона меѓу Струга и Охрид. Со оваа инвестиција на германската компанија најави отворање на околу 1.000 работни места. „ОДВ-Електрик“ производува електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови. Во веќе постоечка хала на „ОДВ-Електрик“ во Охрид во рамките на браунфилд инвестицијата на германската компанија за адаптација и опремување на погонот беа вложени 600.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.