| четврток, 6 декември 2018 |

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Ресен

gru

По завршувањето на подготвителните теренски активности попладнево официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен.

Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски, кој денеска престојува во посета на Пелагонскиот регион.

Според премиерот Груевски, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница.

Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top