Во индустриската зона „Макази“ кај Ресен денеска е пуштен во употреба новиот откупно-дистрибутивен центар за јаболка „Епл ленд“, инвестиција од пет милиони евра со која ќе се отворат 100 нови работни места.
На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ванчо Костадиновски, како и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
– Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за производителите на јаболка од преспанскиот регион. Денес таа стана реалност и верувам дека ефектите од неа набрзо ќе бидат почувствувани од страна на производителите. Современиот откупен центар претставува директна инвестиција од пет милиони евра во овоштарството и тој има низа подобности, како што се можноста за откуп, калибрирање и складирање на јаболката притоа користејќи најнови технологии – истакна премиерот Груевски во обраќањето.
Тој изрази надеж дека со ова ќе се ублажи проблемот со откупот со кој во минатото се сочувале преспанските производители на јаболка.
– Можноста да се има откупувач што има директен пристап до меѓународните пазари има голем потенцијал да донесе поголема стабилност и предвидливост во оваа дејност, нешто што е од особено значење за понатамошниот пораст и развој на производството на јаболка во преспанскиот регион – рече Груевски.
Тој нагласи дека индустриската зона Макази е целосно подготвена и за други инвеститори, кои се заинтересирани да го прошират својот бизнис.
– За таа цел Владата вложи 11 милиони денари во изградбата на пат во должина од околу 850 метри, кој води од месноста Макази до центарот на зоната, а во тек се и градежните работи на патот Битола – Ресен – премин Буково со што ќе го подобриме пристапот и поврзаноста на целиот регион. Ваквите мерки значат подобрување на атрактивноста на зоната што се надевам дека ќе донесе и други нови инвестиции, а со тоа и нови работни места – рече Груевски.
Сопственикот на компанијата Абдошамак Насер истакна дека неговите планови во Македонија не завршуваат со овој проект.
– Годинава ќе почнеме и со една фарма во која ќе имаме илјада крави, а сточарите ќе ги обучуваме во Австрија. Вториот проект ни е за извоз на цреши од Охрид за Дубаи. Овој објект планираме континуирано да го прошируваме и да инвестираме во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски