| четврток, 6 декември 2018 |

Бора Чорба ги „пали“ Србите со секс бомби на сцена, а Хрватите со маичка со натпис „Хрватска“ (видео)

Контроверзниот српски пејач Бора Џорџевиќ Чорба се појави во емисија на РТС во маица на која пишуваше Хрватска. Овој негов потег предизвика различни реакции како во Србија така и во Хрватска. Музичката ѕвезда која важи за голем националист во гостувањето рече дека не мрази никој и дека е за толеранција. За едни неговиот потег е позитивен затоа што сакал да влијае на младите, а за други пак е знак дека Чорба е во криза, па му треба пробив на хрватскиот пазар каде што воопшто не го сакаат токму поради контроверзните пораки што ги испраќаше во последните дваесет години.

Но, пораките се едно, а музиката на Чорба е нешто сосема друго. Особено кога станува збор за кореографиите на неговите концерти. Долго ќе се памети неговиот настап во преополната сала белградска арена од 2009 година каде што Бора им прирени големо изненадување на публиката кога на сцената се појавија дваесетина голи девојки. За хрватскиот пазар можеби е подобро да го повтори овој настап отколку да им се додворува со маички со апликации.

Ви препорачуваме да го изгледате до крај видеото од концертот во Арена центарот во Белград

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top