| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен пијалак што ги топи мастите за миг

sok od limon

Во текот на зимските месеци телото има тенденција да ја зголеми акумулацијата на масното ткиво, за кое придонесува и значително намалената физичка активност и мрсните оброци.

Ние стануваме свесни за оваа критична зона околу половината со првиот знак за потопли денови. Мeсто да размислувате како да ги покриете и скриете трагите од зимата со модни сојузници, ние ви даваме сок, кој заедно со вежбањето ќе ги отстрани мастите.

Состојки за кисел сок:

– 1 лажичка јаболков оцет

– 1/8 лажица чили пиперка во прав

– сок и кора од еден лимон

Подготовка:

Измијте го лимонот а потоа изрендајте ја неговата кора во сад и прелејте ја со жешка вода. По 10 минути, додајте го сокот од лимон, јаболков оцет и малку чили пиперка. Мешајте пред секоја голтка и пијте го пред и по јадење.

Чилито во прав ќе го подобри варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира топењето на мастите. Имено, неговата состојка капсаицин го стимулира нервниот систем да создава толина во телото, кое промовира забрзано потрошување на калориите. Лимонот содржи супстанција, која го забавува таложењето на мастите и кората од лимон содржи поликосанол – тип шеќер што помага во согорувањето на акумулираните масти. Редовното консумирање умерено количество на јаболков оцет помага во разложувањето на мастите во телото. Оцетот, всушност, содржи природни киселини што ги мијат растворените токсини и ја исфрлаат недигестираната храна од цревата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top