| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинска пумпа во Свети Николе

Синоќа околу 23,50 часот во Свети Николе,  на бензинската пумпа  „Ак оил“, непознат маскиран сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработениот при што го одзел дневниот промет во износ околу 6.180 денари.

Како што денеска соопшти МВР, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Свети Николе и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top