| четврток, 6 декември 2018 |

Германците децидни: Не ни требаат 200 нови џамии од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија се понудила да изгради 200 џамии во Германија за мигрантите од Сирија.

migranti grcija

Оваа понуда ја сметаат за цинична, затоа што Саудиска Арабија не се понудила да прифати дел од бегалците.

Политичарите велат дека Саудиска Арабија треба да помогне и да прифати дел од мигрантите, а конзервативните политичари на Германија оваа понуда ја гледаат како непотребна.

Андреа Шеуер, генерален секретар на партијата која е сојузник на Ангела Меркел, рече дека оваа понуда е цинична со оглед на тоа дека не постои солидарност во арапскиот свет, повторно истакнувајќи дека Саудиска Арабија не прифатила дел од мигрантите.

Апсолутниот саудиски монарх Кралот Салман понудил на мигрантите да им изгради 200 џамии во Германија.

Но ова барање е строго одбиено од Германија со објаснување дека тоа не им е потребно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top