Во Младинскиот културен центар во Скопје се одржа Фестивал на изведувачки уметности и добри практики на тема „Бидете креативни, бидете интерактивни, бидете интеретнички“.
Фестивалот е резултат на четиригодишните креативни работилници на средношколци од Македонија во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и има за цел да го зајакне учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ја зголеми граѓанската свест и почитувањето на човековите права меѓу младите во Македонија.
Фестивалот понуди богата едукативна и забавна програма, а ќе беа презентирани примери и добри практики на неформално образование, можности за креативно изразување, како и начини на директна работа со младите.
Фестивалот е во организација на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.