| четврток, 6 декември 2018 |

Лилјана Стоилковска-Андовска ќе одбележи 50 години творечки јубилеј во МОБ

LiljanaStoilkovska-naslovna_1

„Песна, оро, стих, драма“ по повод 50-годишниот творечки јубилеј на Лилјана Стоилковска-Андовска што ќе се одржи денеска, (21 септември), со почеток во 20 часот во МОБ. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“,  Македонската радио и телевизија и МОБ.

Во овој перформанс учествуваат : Националниот ансамбл „Танец“ и Фолклорниот ансамбл, како и два солистички настапи на вокални солисти на две познати печалбарски песни. Народниот оркестар ќе учествува и ќе ја придружува и во солистичкиот настап Лилјана Стоилковска-Андовска во интерпретацијата на познатите бисери на македонската народна музичка ризница. Лилјана Стоилковска-Андовска ќе изведе и дел од монодрамата „Калуѓерка“ од Томе Илиевски како и песни од Валандовскиот Фолк-фест.

Во програмата ќе земат учество и познатиот романописец, драмски писател, прозаист и универзитетски професор Венко Андоновски, како рецензент на поезијата на Лилјана Стоилковска-Андовска. Ќе бидат изведени и нејзини поетски творби. Учество ќе земе и актерот и режисер Мите Грозданов, Зоран Џорлев, Лидија Трипуноска, Миле Попов, доајен на македонското спикерство, Снежана Коневска-Руси, актер и режисер на целиот настан, ќе биде во улога на водител на програмата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top