| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на „Дајмлер“: „Емигрантите ќе создадат економско чудо во Германија“

diter zetse dajmlerДитер Зетше, извршниот директор на компанијата „Дајмлер“, која го произведува популарниот „мерцедес“, смета дека токму емигрантите ќе поттикнат „економско чудо“ во Германија.

dajmler ceo– За да се примат во Германија повеќе од 800.000 луѓе на кои им треба нашата помош, без сомнение е огромна задача, но во најдобар случај, исто така, може да биде основа за следното економско чудо во Германија – посочи Зетше.

Тој им порача на своите колеги да тргнат по германскиот пат, особено кога станува збор за големите компании. Зетше ја поддржа и ја помогна изградбата на сместувачки објекти за бегалците, на образованите им понуди работа во „Дајмлер“, додека на неквалификуваните им понуди образование.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top