САД и Иран ги направија првите чекори кон намалување на непријателството во меѓусебните односи по потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.
– Најважно е во кој правец се движиме. Дали кон зајакнување на непријателството или намалување на степенот на анимозитет? Јас сметам дека ние ги направивме првите чекори кон подобрување на односите – истакна Рохани.
Според него, и покрај постигнатиот договор, „несогласувањата и недостигот на доверба во американско-иранските односи, сепак нема да исчезнат брзо“.
Тој изрази увереност дека иранскиот Парламент и Високиот совет за национална одбрана ќе го одобрат склучениот договор меѓу Техеран и шесте светски сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.