| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 300 бегалци го блокираа преминот Брегане на хрватско-словенечката граница

IZBJEGLICE na graniènom prijelazu Bregana

Преку 300 илегални емигранти синоќа целосно го блокираа граничниот премин Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

Според весникот, блокадата ја поттикнале група словенечки активисти кои го поддржуваат влезот на бегалците во Словенија. Тие им препорачале на емигрантите да го блокираат преминот со цел да извршат дополнителен притисок врз словенечката полиција за да ги побрзо пушти да влезат во Словенија.

Бегалците седеле или лежеле на патот, извикувајќи „Отворете ја границата“, со што го спречиле движењето на сите оние што сакале да ја мината границата.

На место на настанот пристигнале околу 60 припадници на словенечката полиција за соочување со немири, придружувани од кучиња, кои формирале жив ѕид на преминот, а реонот го надлетувал и полициски хеликоптер.

Според „Вечерњи лист“, на преминот е формирана колона возила долга неколку километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top