| четврток, 6 декември 2018 |

Доларот се приближува до вредноста на еврото

евро

Вредноста на доларот треба да се зајакне и да се изедначи со еврото во наредната година, затоа што американските Федерални резерви (ФЕД), и натаму продолжуваат со текот на зголемување на каматните стапки, иако претходната недела не се одлучија да дејствуваат, проценува инвестициската компанија „Принсипал глобал инвесторс“.

-Американската валута веројатно во истиот период ќе се зголеми до 125 јени – тврди Џим Meкохан, генерален менаџер на компанијата, која управува со средства во вредност од 350 милијарди долари, според агенцијата „Блумберг“.

„ФЕД“ на последниот состанок одлучи да не ја подигне каматната стапка на задолжување, како резултат на превирањата на финансиските пазари и зголемувањето на ризикот од забавување на глобалната економија.

-Очекувам дека во наредната година ќе има голем притисок на еврото и дека доларот би можел повторно да се изедначи со европска валута- вели Мекохан, и додава дека Европската централна банка и Централната банка на Јапонија најверојатно ќе го зголемат монетарниот стимул во обид да ја поддржат инфлацијата.

Вредноста на американската валута во петокот наутро на Лондонската берза изнесуваше 1.1402 евра, што е 8,0 отсто под 12-месечениот максимум од 1.0458 евра од 16 март оваа година.

Последен пат кога доларот се изедначи со еврото беше во декември 2002 година, а според анализата на „Блумберг“, има 17 отсто шанси дека во текот на следната година, вредноста на доларот ќе го достигне истото ниво.

-ФЕД веројатно во декември ќе ги зголеми каматните стапки, иако е можно и одложување до првиот квартал од 2016 година, ако оваа институција продолжува да се грижи дека зајакнувањето на доларот може да го загрози извозот- изјави Мекохан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top