| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките конзервативци го признаа поразот

grcija

Грчките конзервативци го признаа поразот во пресрет на победата на Сириза и нејзиниот лидер, Алексис Ципрас.

Од досега изброените 31 отсто од гласовите, Сириза ја добила поддршката од околу 35 отсто од гласачите пред Нова Демократија со 28 отсто.

Резултатите, сепак, не се доволни за да добие Ципрас апсолутно мнозинство во Парламентот и ќе му требаат парнери во новата влада.

Лидерот на Нова Демократија, Евангелос Мeимаракис, му честиташе на Ципрас.

– Резултатите покажуваат дека Сириза и Ципрас се во водство. Му честитам и го повикувам да создаде широка коалиција за спас на земјата – изјави Меимаракис.

Ова се петтите избори во шест години во Грција, а денешните предвремени парламентарни избори беа свикани откако Сириза го загуби мнозинството во август годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top