| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Награда од 1.000 евра, нека почне плукањето!

Кошаркарската ѕвезда по ракометниот пораз од Исланд, ироничен до крај на „Фејсбук“ распиша награда за најкративниот коментар за загубениот натпревар!

„Македонски специјалисти во секој спорт: Нека почне пликањето по ракометарите! Награда од 1.000 евра за најкреативниот и најдоброобјаснет коментар во врска со натпреварот што го загубивме“, напиша македонскиот кошаркарски див Перо Антиќ на „Фејсбук“ во вторникот, по натпреварот со Исланд.

Ироничната порака не дека беше далеку од вистината. Селекторот и играчите беа цел на навреди, напади и шеги на социјалните мрежи. Антиќ сето тоа го има почувствувано на своја кожа кога беше цел на социјалните мрежи поради ФИРОМ на претставувањето пред завршниот турнир од Евролигата, но и по натпреварите со Ангола и со Нов Зеланд во квалификациите за ОИ.

(извор МКД.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top