Грчките предвремени парламентарни избори се во полн ек. Тоа е тесна трка меѓу водечките политички сили – левичарската Сириза и конзервативната Неа демократиа. Ниедна од нив не ветува крај на штедењето.
Комбинираната анкета од пет грчки телевизии вечерва покажа дека се очекува Сириза да победи минимално со 30 до 35 проценти од гласовите, додека за Неа демократиа се предвидува дека ќе добие 28,5-32,5 отсто.
Кој и да победи на денешните избори, ќе мора да функционира според договорот за финансиска помош што поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го потпиша под притисок од европските кредитори.
Изборите ги распиша Ципрас, откако земјата доби нова финансиска помош од меѓународните кредитори. Тој веќе гласал во својата атинска населба Кипсели, каде што живее работничка класа.
„Јас сум оптимист“, рече тој набргу по гласањето, пренесе АП. „Утре почнува нов ден.“
Главниот ривал на Сириза, централно-десничарската партија Неа демократиа, вети дека ќе продолжи со програмата за финансиска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа