Кинематограферот и режисер Божидар-Бота Николиќ, кој вчеравечер ја прими наградата „СЕЕ камера“ за особен придонес во балканскиот филм, не ја криеше радоста што бил награден на фестивалот „Браќа Манаки“, признавајќи дека пред неколку години кога учествувал на фестивалот со филмот „Животот е убав“ на Бора Драшковиќ, си замислувал дали некогаш би добил награда за животно дело.
-Јас очекував награда и за тој филм, ама не добив. Па си реков, како ќе добијам за животно дело, кога не можам да добијам „Златна камера“. Ме радува што во последните десетина години преку фестивалот се гледа дека се менуваат работите во филмската индустрија во регионот и дека го надминавме мрачниот период по распаѓањето на Југославија – рече Николиќ.
На прашањето колку му е важна новата технологија во работата на кинематограферите, тој рече дека него го интересира тоа што го гледа низ камерата и дека така ги советува и помладите филмаџии.
-Отсекогаш сакав да снимам филм во кој ќе употребам македонска музика, оти ја обожувам. Пред некоја година, Мето Јовановски ми беше на гости и го однесов кај друг Македонец да се дружиме, па не можеше да верува дека толку ја знаеме вашата музика.
Николиќ е режисерот што го откри Бред Пит во 1989 година.
-Во една фаза од кариерата сфатив дека ако сметаш дека си го научил филмскиот занает, треба да заминеш во Холивуд. На кастинг со 400 актери, јас го избрав него. Цел живот ми е благодарен за тоа. Пред некоја година кога Анџелина го снимаше филмот во Сараево, се сретнавме и тој само рече – Ова е Божо за кој сум ти зборувал. Знаев дека ќе ми понуди да работиме заедно. Од дете ја сакав музиката од „Снежана и седумте џуџиња“ и му предложив да направиме мјузикл, на што работевме година и кусур, ама еден ден ми рече дека не е паметно да се бориме со „Волт Дизни“ со таков проект, оти ќе изгубиме – рече Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под мотото „Симнуваме капа“ од 22 до 29 септември ќе се одржи 39.ИФФК „Браќа Манаки“
-
На фестивалот „Браќа Манаки“ претставена македонската екипа на филмот „Сиераневада“
-
На ИФФК „Браќа Манаки“ произлезе иницијатива за формирање Балкански филмски фонд
-
Отворен 37. Интернационален фестивал „Браќа Манаки“