Костариканскиот голман во редовите на Реал Мадрид, Кејлор Навас покажа дека достојна замена за иконата на „кралевите“ Икер Касилјас. Фалеа неколку секунди тој да биде продаден на Манчестер јунајтед во финишот од летниот преоден рок. Сепак Навас остана на „Станијаго Бернабеу“ и брани во голем стил.
Досега на пет натпревари вклучувајќи ја и Лигата на шампионите сеуште нема примено гол, и го израмни рекордот на Микеланџело, кој во 1975 година беше без примен гол во првите четири кола од Примера дивизија.
Следна цел за Навас е достигнување на рекордот на Икер Касилјас од 460 минути без примен гол, во периодот меѓу јануари и февруари 2009 година. Кејлор досега е без примен погодок во 450 минути игра, па му недостигаат само уште десет минути на следниот меч на гостински терен против Атлетик Билбао за да го мине остварувањето на „големиот Икер“.
Доколку продолжи во ист стил, Навас сигурно ќе го натера претседателот на Реал, Флорентино Перез добро да размисли да го продаде и на негово место да го доведе Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед и со тоа да потроши повеќе од 30 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов рекорд: Меси е најдобриот на сите времиња (видео)