| четврток, 6 декември 2018 |

Претпладне сончево, попладне мала облачност и можен пороен дожд

sonce-pa-dozdВремето во недела претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, но кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top