Турција чувстува хуманитарна обврска да им помогне на сириските бегалци и за тоа не очекува благодарност од никого, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.
– Помагањето на овие луѓе за нас пред се претставува хумана обврска и тоа ќе го правиме во иднина, изјави Синирлиоглу по средбата со неговиот австриски колега Себастијан Курц, кој денеска престојува во посета на Турција.
Шефот на турската дипломатија нагалси дека Турција згрижила 2,2 милиони сириски бегалци, за што потрошила 7,6 милијарди долари, но дека за тоа не очекува благодарност од никого.
Синирлиоглу нагласи дека тема на неговите разговори со Курц биле билатерлните односи меѓу Турција и Австрија и актуелната бегалски криза.
Осврнувајќи се на проблемот со бегалците, Синирлиоглу нагласи дека причина за неговото појавување е сирискиот претседател Башар ел Асад.
– Со ова сирискиот народ го даде својот суд за Асад, нагласи турскиот министер за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.