| четврток, 6 декември 2018 |

Гори најлуксузниот облакодер во Чеченија (видео)

Голем пожар избувна во луксузниот облакодер во главниот град на Чеченија, Грозни. Покрај луксузни апартмани, во висококатницата е сместен и хотел со пет ѕвезди. Според агенциските информации, огнот ги зафатил сите катови, но за среќа сите гости и членови на персоналот успеале на време да се евакуираат. Во гаснењето на пожарот учествуваат 300 луѓе, а на помош е испратен и хеликоптер.

Според агенцијата Интерфакс, пожарот избувнал меѓу четвртиот и петтиот кат, но за многу кратко време се проширил во целата зграда. За сега не се познати причините поради кој избил пожарот.

Станува збор за комплексот Грозни сити кој е отворен во 2011 година. На 27-от кат во облакодерот свој апартман има и францускиот актер Жерард Депардие кој го добил откако доби руско државјанство и бил прогласен за почесен граѓанин на Чеченија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top