фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и официјалниот партнер ВИП оператор денеска одржаа прес-конференција со двајцата лауреати на Специјалната „Златна камера 300“ – Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков.
-Бруно Ганц е најголемото европско филмско име, човек на кој му се восхитувам отсекогаш и кој оставил печат на многу генерации на луѓе. Овие десет дена имавме неколку прекрасни дружби и воодушевени сме од неговата големина, рече директорот на Фестивалот Димитар Николовски.
Селекторката на документарната програма на фестивалот Гена Теодосиевска како модератор на прес-конференцијата со Бруно Ганц му рече дека го памети како ангелот од филмот „Небото над Берлин“ од Вим Вендерс во кого сите се вљубивме.
-Кога почнавме да снимаме со Вендерс многу дијалози во сценариото не беа целосни во сценариото. Што е ангел, како изгледа, како зборува, како комуницира со другите ангели. Претходно немаше филмови за ангели и немавме друга претстава освен преку религиозните мотиви и книги. Снимавме по 12 часа, а потоа во вечерните часови продолжувавме со состаноци. Воопшто немавме приватен живот – изјави Бруно Ганц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под мотото „Симнуваме капа“ од 22 до 29 септември ќе се одржи 39.ИФФК „Браќа Манаки“
-
На фестивалот „Браќа Манаки“ претставена македонската екипа на филмот „Сиераневада“
-
На ИФФК „Браќа Манаки“ произлезе иницијатива за формирање Балкански филмски фонд
-
Отворен 37. Интернационален фестивал „Браќа Манаки“