Филмските ѕвезди, светски познати кинематографери, љубители на филмот, политичари и функционери поминаа вечерва на црвениот килим во Битола.
На свеченото отворање на годинашното издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ на актерите Бруно Ганц и Алексеј Серебјаков им беше доделена специјалната награда „Златна камера 300“, која се доделува за посебен придонес во филмската уметност. Кинематограферите Ришар Ленчевски и Божидар Бота Николиќ ја добија наградата за животно дело. Фестивалот отвори покровителот на манифестацијата Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, а пред присутните се обратија директорот на фестивалот Димитар Николов – Таки, градоначалникот на Битола, Владимир Талевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која Друштвото на филмските професионалци ја доделува за особена придонес во македонската кинематографија годинава му беше доделена на Дарко Марковиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.