| четврток, 6 декември 2018 |

Трагична сообраќајка во Скопје: Прегазено 13 годишно дете

Тринаесет годишно дете е прегазено во трагична сообраќајка што се случила вечерва во близина на фонтаната во Градскиот парк на улица Илинденска.

policija

Според МВР, трагедијата се случила во 18 часот и 40 минути кога возило „пунто“ управувано од скопјанката М.Л. (47) удрило во детето кое возело велосипед. Детето било пренесено во Ургентиниот центар во Скопје, каде им подлегнало на повредите.

Извршен е увид и се утрдуваат причините за несреќата.

Неофицијално, од првичните резултати на увидот, на коловозот немало траги од кочење.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top