Меган Фокс се придружува на американската серија „Нова девојка“ затоа што на местото на Зои Дешанел ќе ја игра главната улога Џесика Џес Деј, јауваат медиумите. Ѕвездата на „Трансформерс“ и на „Тинејџ мутант нинџа желки“ треба да се појават во епизодата која ќе биде прикажана од јануари следната година.
Извршниот продуцент на серијата на „Фокс“, „Нова девојка“, Лиз Мериверер се пошегува во нејзината изјава и рече дека за неа многу е лудо тоа што толку убава личност може да биде толку смешна, „но претпоставувам дека сите мораме тоа да го прифатиме“.
– Нејзин фан сум од филмот „This is 40“ и многу сум возбудена затоа што ќе ја имаме во серијата. Ние ја имавме Меган на ум кога го пишувавме продолжението на серијата и таа е вистинската личност.
Зои Дешанел во месец август доби ќерка и заради тоа за сега ја напушта серијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.