Меган Фокс стана мајка на уште едно момче. Убавата Американка и Брајан Остин Грин му посакаа добредојде на својот трет син, кој го доби името Џурни Ривер Грин.
30-годишната актерка и 43-годишниот актер заедно имаат уште две деца – 3-годишниот Ноа и 2-годишниот Боди.
Холивудските ѕвезди ја започнаа својата врска пред 12 години, а во јуни 2010 година стапија во брак на плажа на Хаваи. Иако најавија развод минатата година, третата бременост очигледно беше повод да „заборават“ на разделбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.