| четврток, 6 декември 2018 |

Германски механичари сакале да го прегледаат мерцедесот на Младенов

 Германски механичари пројавиле интерес да го прегледаат мерцедесот на Никола Младенов за да утврдат какви удари претрпело возилото, колку е оштетено и зошто силните перформанси не го заштитиле возачот, јавува Алфа.

Истражниот судија за Алфа вели дека таква можност ќе имаат механичарите на производителот откако прво надлежните институции ќе ги финализираат своите анализи.

Техничка исправност на возилото претходно ќе ја проверуваат и експерти од Македонија. Анализата со техничката исправност ќе се надополни на крим- техничкото вештачење кое денеска МВР му го презентира на истражниот судија со откриените наоди. Со извештајот е подготвена фото- документација и скици каков правец имало возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top