Во една студија спроведена во Кина, честото конзумирање риба е поврзано со до 17 отсто помал ризик за депресија, пишува списанието „Journal of Epidemiology&Community Health“.
Научниците од Универзитетот во Кингдао додаваат дека добиените наоди се однесуваат на Европејците.
Според нив, рибата е богата со многу хранливи материи, вклучувајќи омега 3 масни киселини, висококвалитетни протеини, витамини и минерали кои веќе се поврзани со намален ризик за депресија.
Најважен фактор можеле да биде омега 3 масните киселини кои можат да влијаат на функцијата на невротрансмитери како допамин или серотонин.
Проценето е дека депресијата погодува 350 милиони луѓе во светот.
Сознанијата на кинеските научници се темелат врз основа на податоците собрани за потребите на 26 претходни студии спроведени со учество на 150.000 испитаници.
Воочената врска меѓу често конзумирање риба и помалиот ризик за депресија е поизразено кај мажите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.