Две момчиња загинале во тешка сообраќајна несреќа што околу 15 часот се случила на регионалниот пат Куманово-Пчиња, во близина на каменоломот Краста, јавува Кумановоњуз.
Неофицијално, како што пишува порталот, до несреќата дошло кога џип хјундаи, кој се движел од Пчиња кон градот излетал од патот во нива, во моментот кога се разминувал со автомобил голф.
Во несреќата две момчиња починале на лице место, а има и повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.