Ова време е од суштинско значење за Македонија. Сите очи се свртени кон вас да го сработите своето пред октомврискиот извештај за напредокот на земјата кој треба да ги нотира достигнувањата.
Ова го истакна еврокомесарот за проширување и соседски односи Јоханес Хан на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Тој го поздрави политичкиот договор постигнат со помош на Европската унија како важен чекор кон ЕУ, бидејќи, како што рече, покажа дека интересите на државата и на граѓаните се ставени пред партиските интереси, а сега, нагласи, важна е неговата реализација.
– Се радувам на враќањето на опозицијата во Парламентот и изборот на новиот Закон за специјален обвинител и на специјалната обвинителка. Таа ќе ја добие целата потребна поддршка за да може да си ја врши како што треба својата работа, рече еврокомесарот Хан.
Тој се осврна и на пристапниот дијалог на високо ниво за кој рече дека по политичката криза поради која беше запрен продолжува фокусирајќи се на пет специфични области нотирани од Брисел.
– Приемот во ЕУ не е работа само на Владата. Верувам дека ХЛАДот ќе ги вклучи сите претставници од четирите политички партии кои го потпишаа овој договор и дека тие се заедно посветени и заедно одговорни за имплементацијата на идните реформски приоритети. Процесот го вклучува и граѓанското општество за чија работа е потребна добра демократија. Признавам дека вашата земја имплементираше голем број реформи. Оние кои остануваат се амбициозни и политички тешки, но тие ќе донесат вистински промени во државата, рече Хан.
Во своето обраќање тој се осврна и на кризата со мигрантите.
– Ова е време на предизвици и кризи кои бараат европско решение, рече Хан.
Тој посочи дека Брисел е свесен за проблемите со кои Македонија се соочува како транзитна држава за мигрантите и најави помош и поддршка.
Инаку, еврокомесарот Хан денеска ќе има средби со лидерите на политичките партии, а попладнево ќе присуствува и на седницата на ХЛАДот. Тој утре, во рамки на престојот во Македонија, ќе го посети и граничниот премин кај Гевгелија со цел, како што рече, и лично да се увери каква е состојбата со мигрантите кои од земјачленка на ЕУ влегуваат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот