Лидерот на Потами Ставрос Теодоракис изјави дека партијата треба да добие 10 отсто од гласовите на изборите во недела.
– Ги советуваме Грците да не се враќаат во минатото. Ако Потами не добие висок процент, нема да биде во можност да и помогне на земјата како што сакаме- рече тој за телевизијата Скај.
– Во ниту еден случај нема да бидеме нечија „патерица“, затоа што нашата амбиција не е министерска позиција, туку промена на земјата. Мислам дека луѓето сфаќаат дека не е важна само првата партија, туку и оти третата партија, исто така, ќе игра значајна улога- изјави Теодоракис.
Тој подвлече дека ако Потами е трета партија, ќе биде во можност да влијае на политичкиот систем на корисен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција