Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, вчера изјави дека градот е подготвен за прифат на мигрантите, пренесе ТАСС.
Бандиќ изјави дека за бегалците е подготвен павиљон на Загрепскиот велесаем, во кој можат да се сместат до 1.200 лица.
-Во следните 48 часа ќе биде приспособена уште една просторија што ќе може да собере уште 2.000 бегалци, рече градоначалникот.
Бандиќ ја уверува хрватската јавност дека сите градски служби се ставени со состојба на готовност и ги повика жителите на главниот град, секој според своите можности, да примат бегалци во своите домови.
Тој самиот вети дека во својот дом ќе прими седум бегалци.
-Тоа може да му се случи на секого и во секој момент. Затоа треба да бидеме похумани и солидарни, повика Бандиќ.
Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, на територијата на земјата влегле над 11.000 мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.