| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Шенгенската зона е во опасност ако не се реши бегалската криза

оланд

Претседателот на Франција Франсоа Оланд вчера предупреди дека доколку не биде решена бегалската криза шенгенската зона ќе се најде во опасност.

Европската унија се обидува да ја реши најголемата бегалска криза од Втората светска војна, а Германија, Австрија и Словачка, поради големиот прилив на бегалци, повторно воведоа погранични контроли, спротивно на одредбите од Шенгенскиот договор.

Според Оланд, шенгенската зона може да се најде во опасност доколку не бидат воспоставени центри за регистрирање во кои ќе се одделат бегалците од економските емигранти и ќе обезбеди поделба на барателите на азил.

Францускиот претседател истакна дека доколку не се контролираат надворешните граници на ЕУ, државите на овој или на тој начин ќе воспостават национални граници.

– Ќе бидеме обврзани повторно да воспоставиме гранични премини, контроли и тоа ќе биде крај на шенгенот во смисла на контролиран простор што овозможува слобода на движење – истакна Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top