Околу 2.500 Руси и 7.000 граѓани на други земји од Заедницата на независни држави (ЗНД) учествуваат во вооружени судири во Сирија на страната на терористичката организација Исламска држава. Тоа го изјави Елена Сутормина, претседател на Комисијата за развој на јавната дипломатија при Руската федерација, јави ТАСС.
Сутормина истакна дека во претходно соопштените податоци од Националниот антитерористички Комитет, дека во Сирија на старата на џихадистите се борат околу 800 до 1.500 руски државјани, од кои 170 загинале, се за 2014 година.
– Луѓето кои врбуваат борци за ИД се насочуват поконкретно кон далечни села и области, каде што младите немаат перспектива – додаде Сутормина.
ИД е забранета во Русија како терористичка организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро