| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапата маица на светот е поскапа од две возила „ферари“!

Маицата отсекогаш била евтино и едноставно парче облека кое зазема посебно место во нашите ормани. Одговара на сите комбинации и често чини малку пари во однос на другите делови од гардеробата. Но, не е секогаш така.

најскапа маица1

„Суперлатив лакшари“ со седиште во Велика Бритнаија на пазарот понуди маица вредна 400.000 америакнски долари, која е окарактеризирана како „најскапата маица на светот“. Зошто е толку скапа? Маицата е направена од самообновувачки енергетски извори и претставува намалување на јаглерод диоксид за 90 проценти во споредба со традиционалното производство на маици. Направена е од 100 проценти органски памук со 150 грама на  квадратен метар квалитетна маса и може да ја носи секој што има најосетлива кожа на светот. Она што ја прави исклучително скапа е тоа што на неа има и 16 парчиња еднокаратни дијаманти од кои осум се бели и осум црни.

најскапа маица

Модната куќа „Хермес“ во својата пролетна колекција за 2013 година го претстави најскапото модно парче – маицата од крокодилска кожа која чини 91.500 американски долари. Таа е означена како најскапата маица во Њујорк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top