Турција заедно со Русија е цврсто решена да ги отстрани причините и последиците од заканите од екстремизмот во регионот на Блискиот Исток, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Феридун Синирлиоглу по средбата во Сочи со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Русија за нас е сосед и партнер. Регионалните и меѓународните проблеми, борбата со меѓународниот тероризам, ситуацијата во Сирија пред се се на нашиот дневен ред, рече Синирлиоглу.
Турција и Русија се главни гаранти на безбедноста во регионот и надвор од него. А оние тенденции, кои ја нарушуваат стабилноста се загрижувачки како за Русија, така и за Турција, додаде Синирлиоглу.
Лавров нагласи дека Русија и Турција имаат заеднички цели за регулирање на ситуацијата на Блискиот Исток, независно од некои разлики во политиките.
– Турција е наш важен партнер на меѓународната сцена. Ние соработуваме по регионални и глобални проблеми, во таа смисла и за развој на црноморската економска соработка. Разменуваме мислења за серија меѓународни прашања, како ситуацијата во Сирија и во целиот регион на Блискиот Исток и Северна Африка, рече Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.