| четврток, 6 декември 2018 |

Силвио Берлускони доби забрана за влез во Украина

Украинската безбедносна служба добила указ потпишан од шефот на државата Петро Порошнко со кој на пораншниот италијански премиер Силвио Берлускони му се забранува влез во Украина, објави украинскиот весник „Апостроф“.

silvio-berluskoni

 

Според истиот извор, забраната кон Берускони е изречена поради неговата неодамнешна посета на полуостровот Крим, кого минатата година го анкерираше Русија. ­

Во врска со италијанскиот државјанин Силвио Берлусокони на 14 септември беше донесена одлука со која му се забранува влез на територијата на Украина за период од три години, во интерес на безбедноста на државата, се наведува во документот.

Како што јави ТАСС, одлуката за прогласување на Берлускони за пресона нон грата во Украина дојде откако украинското јавно обвинителство нареди почнување истрага во врска со неговата посета на Крим.

Порошенко вчера поптиша указ со која на околу 400 лица им се збранува влез во Украина затоа што се оценети како закана за украинската национална бебзедност.

На листата се најдои и 34 новинари и седуммина блогери од повеќе земји, меѓу кои и на тројца репортери од дописништвото на „Би­-Би­-Си“ во Москва.

Во меѓу време, портпаролот на Порошенко, Свјатислав Цеголо денеска на својот налог на „Твитер“ објави дека украинскиот претседател побарал од Советот за национална безбедност и одбрана од најновата листа на лица на кои им се забранува влез во Украина да бидат остранети имињата на тројцата новинари од дописништвото на „Би­-Би­-Си“ во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top