-Сериозно сум загрижен поради тоа што невидлива нова железна завеса се крева на одредени места во Европа – изјави денеска на прес-конференција во Брисел еврокомесарот за проширување и политика на соседство, Јоханес Хан.
– Европските политичари треба да бидат свесни за последиците од одлуките, кои ги носат. Треба да ги согледаме долготрајните последици. Европа се заснова на слободата на движењето во буквална смисла, но и поради можноста за размена на идеи – додаде тој.
– Надорешната политика на ЕУ не е банкомат, не е доволно да го знае ПИН-кодот, во таа машина треба да постојат и средства. Имаме проблем со парите, ги повикувам државите кои инстистираат на обезбедување помош за мигрантската криза, да внесат одредени средства во системот – изјави Хан.
Еврокомесарот прецизираше какви средства им се на располагање на соседите на ЕУ за справување со потребите на мигрантите. Тој истакна дека за Турција се предвидени вкупно една милијарда евра.
– Подготвени сме да обезбедниме дополнителни средства. Турција има клучна улога за справувањето со мигрантската криза, ја поздравувам таа држава за вложените напори – изјави Хан и ја повика Анкара да биде построга кон трговците со луѓе.
Во меѓувреме портпаролот на ЕК Мина Андреева на прес-конференција изјави дека надворешните граници на ЕУ се исклучително право на одделни држави од Унијата.
Таа не сакаше да даде коментар на одлуката на Бугарија да испрати на границата со Турција илјада војници.
Во врска со случувањата вчера на унгарско-српската граница Андреева посочи дека насилството не е решение.
Маргаритас Скинас, исто така портпарол на ЕК, пак посочи дека раселувањето на 120-те илјади мигранти, како што беше предложено од ЕК, може да почне мошне скоро, доколку следната недела се постигне решение во Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)