| четврток, 6 декември 2018 |

Kaтастрофален земјотрес во Чиле од 8,3 степени, милион лица евакуирани

Earthquake of 8.3 magnitude strikes Chile

Силен земјотрес со јачина на ударот од 8,3 степени според Рихтеровата скала, синоќа предизвика смрт на најмалку пет лица и евакуација на околу милион лица во Чиле, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи, пренесува БТА.

По главниот удар следеле и неколку силни вторични потреси, јавија американските медиуми.

Имало силно тресење на зградите во престолнината Сантјаго, а мали бранови цунами предизвикале поплави во неколку крајбрежни градови.

Чилеанската претседателка Мишел Бачелет, по итната седница на Владата, првично соопшти за три загинати лица, пренесе ТАСС.

Magnitude 8.3 earthquake hits off the coast of Chile

Властите веднаш издадоа предупредување за опасноста од цунами долж целото крајбрежје, а потресот бил толку силен што бил почуствствуван дури од другата страна на континентот, во аргентинската пресолнина Буенос Аирес.

Неколку вторични потреси, вклучувајќи и еден со јачина од 7 степени и три со јачина од над 6 степени го растресоа целиот регион.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 42 километри од градот Канела Баха, на длабочина од 11 километри.

Earthquake of 8.3 magnitude strikes Chile

Претседателката Бачелет веднаш нареди евакуација на населението кое живее во ниските зони долж тихоокеанското крајбрежје, додека властите не ја направат првичната проценка на ситуацијата.

Во 2010 година сличен земјотрес со многу посилен удар, од 8,8 степени според Рихтер, и цунамито што следеше го однесоа животот на над 500 лица и разурнаа 220, 000 стенабени објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top