| четврток, 6 декември 2018 |

Мобилниот слави 40 години

Денеска е точно 40 години откако Мартин Купер, инженерот од „Моторола“, го оствари првиот разговор преку мобилен телефон со Џоел Енџел од компанијата „АТ и Т“.

– Џоел ти се јавувам од вистински мобилен телефон. Пренослив телефон, со овие зборови на 3 април 1973 година, Купер му се обратил на Енџел, својот  најголем конкурент во работата.

Неговиот „мобилен“, Dyna-TAC, тежел повеќе од еден килограм и имал облик на голема бела тула. Со него можело да се разговара дваесеттина минути, а батериите се полнеле десет часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top