Двајца руски комичари му се јавиле на телефон на британскиот музичар Елтон Џон, претставувајќи се како рускиот претседател Владимир Путин, со цел да „разговараат“ за правата на хомосексуалците, објави „Комсомолскаја правда”.
Владимир Краснов и Алексеј Стољаров, познати во Русија по добрите имитации на познати личности и политичари рекоа дека тие му се јавиле на Елтон Џон. На крајот на разговорот британскиот музичар на наводниот Путин му рекол: “Ви благодарам. Ми го поправивте расположението”, вели Краснов, кој се претставил како рускиот претседател.
Во вторникот Елтон Џон објави на „Инстаграм” слика на рускиот претседател и му се заблагодари за разговорот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков негираше дека имало таков разговор и рече дека најверојатно станува збор за шега.
Русија е критикувана од Западот и од активистите за човекови права за начинот на кој се однесува кон хомосексуалците. Елтон Џон води јавна кампања против донесениот закон за забрана на геј пропагандата во Русија во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.