| четврток, 6 декември 2018 |

Кустурица: Ќе снимам филм за исповедта на Германец што доби српско срце од „жолтата куќа“

Филмот за трговијата со човечки органи на Косово ќе го снимам врз основа на вистинска приказна, исповед на еден Германец кому му е вградено срце од Србин кој бил жртва на злосторство во „жолтата куќа“, вели ексклузивно за „Блиц“ Емир Кустурица, откривајќи многу битен детал од проектот кој неодамна го најави.

Кој е тој Германец, каде му била извршена трансплантацијата, дали тој ќе се појави во филмот, се прашања на кои Кустурица засега не одговара. Сепак, нагласува дека неговото остварување ќе отвори една болна, вистинита тема за страдањето на српскиот народ за која историјата, литературата и кинематографијата свесно молчат за Србите да бидат претствени како геноциден народ, а никако како жртви

– За разлика од некои домашни режисери кои добија пари за филмови со услов Србите да ги прикажат како негативци и виновници за сѐ што се случуваше на просторот на СФРЈ, јас ќе снимам филм базиран на вистината. Во моментов пишувам роман за сценарио. Мојот јунак за да се сокрие од раката на законот, бега на Косово и таму го заробуваат. Албанците го подготвуваат за „жолтата куќа“ и за вадење органи, но него од смртта во последен момент ќе го спаси внукот на Фјодор Достоевски. Има симболика во тој чин, ќе видите – вели Кустурица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top